Од општинскиот буџет за изградба на нови улици и реконструкција на постојните ќе бидат издвои 7.121.441 денари.
Имено, оваа цена е постигната на последната електронска аукција за изградба и реконструкција на улици по објавениот јавен повик. Најниска цена на јавната аукција понуди струмичката фирма „Жикол“, која и го доби тендерот.
Веднаш по потпишувањето на договорот започнува и реализацијата на овој тендер со кој ќе бидат изградени нови улици во неколку урбани блока во Гевгелија, како и во населените места. Исто така, предвидена е и реконструкција на улиците „Индустриска“ и „Ѓоко Тутушев“, како и повеќе улици во населените места. Изведбата ќе се врши согласно Програмата за локални патишта и улици и Програмата за комунално уредување во 2016 година.
Извор: Општина Гевгелија