Натпревар по средношколски франкофонски театар


На 24.3.2015 година, во Младинскиот културен центар во Скопје се оддржа натпревар по средношколски франкофонски театар организиран од Француски институт и Здружението на професори по француски јазик на Македонија.
Настанот го отвори директорката на францускиот институт г-ѓа Изабел Марки Барбо. Публиката имаше можност да ужива во пет театарски изведби, а секоја од нив траеше околу 15 мин. Нашето училиште изведе две драмски презентации, „Чернодрински се враќа дома“ (Кинеска делегација во Прилеп) и „Големата добивка“.
Нашите ученици оставија одличен впечаток и успеаја да ја воодушеват публиката а, и тричленото жири. СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гвегелија освои три награди:

1. Најдобар актер-Ѓорге Дучков, ментори проф. Мирјана Чамџиќ и проф. Розета Картова
2. Најдобар дизајн – „Чернодрински се враќа дома“ (Кинеска делегација во Прилеп) –ментори – проф. Весна Аризанова и Даниела Џишева
3. Најдобар француски јазик – Анита Андонова, ментори проф. Мирјана Чамџиќ и проф. Розета Картова
Во реализацијата на претставите учествуваа и професорите и учениците од машинската струка кои дадоа свој придонес во изработката на сценографијата.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …