Од 4 септември експресните возови кон Белград и Солун веќе нема да сообраќаат од железничката станица во Скопје, бидејќи се укинати на неодредено време.
Возот „Хелас експрес“ нема да сообраќа до крајот на годишниот возен ред во декември, а веќе подолго време не сообраќа ниту утринскиот експресен воз на релација Скопје-Белград-Скопје.
Поради градежни работи на пругата Ниш-Прешево, Српските железници го ограничија патничкиот сообраќај на југот од својата земја, што предизвика и директни импликации врз Македонија. Укинатите возови кон Скопје ќе продолжат да сообраќаат на релацијата Белград-Ниш, а од Македонски железници до денес не излегоа со најава за продолжување на железничката врска барем кон Солун.
Засега нема информација за тоа кога би се вратиле експресните возови од скопската станица. Сите оние граѓани кои треба да патуваат кон Европа со воз, своето патување ќе мора да го организираат од Ниш или Белград како почетни дестинации.
Извор: Општина Гевгелија