Прослава по повод Ѓурѓовден


Оваа година, по трет пат, Здружението на Ромите од Гевгелија „Роми Х„  организира  прослава на Ѓурѓовден.

Прославата се организира на просторот пред старата касарна во Гевгелија со богата културно-уметничка програма. Програмата и целата прослава привлекува голем интерес кај гевгеличани и гости од соседните општини. Имено, православните верници денес го слават Свети Ѓорѓи – Победоносец, познат како Ѓурѓовден. Се вбројува меѓу поголемите пролетни празници, што го слави не само христијанското, туку и целто население во Македонија.

Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и др.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната пена се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период. Црквата денес го одбележува погубувањето на Свети Ѓорѓи, кое се случило на 23 април 303 година. Свети Ѓорѓија е воспеан како небесен клучар, којкако што се пее и во песните, ја отвора земјата, ја пушта росата за да биде топло летото и бујно житото.

Вечерта наспроти Ѓурѓовден, се берат зелени гранки и се закитуваат вратите и прозорците на куќите. Ова се прави за годината и домот да бидат бериќетни, да има плодови и род во домот, полето, во трлата и шталите. Ѓурѓовден се врзува и за ромската популација, со оглед дека Ромите го одбележуваат како свој најголем верски празник, Хедерлез, покрај Курбан Бајрам и Рамазан. Се верува дека Ѓурѓовден го најавува доаѓањето на летото.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …