Во сабота, 9 јуни 2018 година, во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи интересен концерт посветен на русалиите „Русалија ќи одум“. Станува збор за проект на Никола Арнаудов и Антонио Стојчевски од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје,
преку низ слика, збор и оро се презентираат машките обредни поворки и воопшто за Русалиите. На програмата најпрво ќе биде прикажан филм за русалиите, потоа, објаснување за машката и женската народна носија во етничкиот предел Бојмија, а ќе бидат презентирани и нивните различни обреди. Исто така, ќе бидат изведени повеќе ора заедно со жените.
Во концертот, кој започнува во 20 часот, ќе земат учество повеќе фолклорни ансамбли од општината и од земјата.
Извор: Општина Гевгелија