Отворена изложбата на државниот архив на Македонија – ОБЕДИНЕТИ СМЕ ПОСИЛНИ


,,Војните почнуваат во човечките мисли и одбраната на мирот мора да се гради во човечките умови,,  (Уставот  на Обединетите нации.)

Годинашното културно лето стартуваше вчера, на 15 јули,  среда,  со изложбата на Државниот архив на РМ „Обединети сме посилни“. Изложбата  е во рамките на одбележување 70 години од победата над фашизмот и завршувањето на Втората Светска војна. Во присуство на заменик градоначалникот на општина Гевгелија, Борче Хаџиниколов, претставници на локални и државни институции, изложбата ја промовираше директорот на Државниот архив на Република Македонија др. Филип Петровски.

Тој истакна дека Државниот архив по втор пат се претставува со своја изложба во Гевгелија. Оваа изложба  е подготвена од вработените во Архивот и содржи  фотографии и плакати односно пропаганден материјал  од Втората Светска војна.  На фотографиите има моменти од Кримската,  Техеранската, Потсдамската конфренција, средбата на сојузниците на реката Елба.

Др Петровски нагласи дека оваа изложба треба да ја видат што повеќе млади луѓе за кои претставува нешто како историски час. Изложбата за отворена ја прогласи заменик градоначалникот Хаџиниколов кој во име на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов се заблагодари на Државниот архив за укажаната чест, по Скопје, Велес и Кавадарци, и гевгеличани да ја видат оваа изложба со која се отвора овогодишното гевгелисјко културно лето. Изложбата ќе биде отворена до 15 август.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …