СПОРТ

Купот на Македонија се враќа во Гевгелија, познати се и термините

Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 во машка и во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување. По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката …

Повеќе...

Во недела кошаркарски натпревар: Македонија – Косово

Во недела, на 2 декември 2018 година, Гевгелија ќе биде домаќин  на кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово од претквалификационото коло за европското првенство 2021 година. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „26 април“, со почеток од 17 часот и 45 минути. Цената на билетот изнесува 100 …

Повеќе...

Кожуф рутински до бодовите

ФК Кожуф  прокнижа нови три бода против цврстата екипа на Плачковица. Уште од самиот старт домсќините тргнаа фуриозно и им дадоа до знаење на гостите дека нема што да бараат во Гевгелија. За 1-0 по една школска акција прецизен беше Ристовски со прекрасен гол од 18 метри. По постигнатиот гол …

Повеќе...

Надежите на Кожуф викендов играа против Милано

Викендов пионерско-младинската школа на ФК Кожуф го одигра третото коло од Втората младинска лига на Република Македонија, кадетите и младинците во саботата гостуваа во Куманово додека пионерите и помладите пионери беа домаќини на екипата на Милано. Вчера кадетите и младинците претрпеа порази, денес пионерите ремизираа а помладите пионери изгубија од …

Повеќе...

ФК Кожуф поразен се враќа од Кавадарци

На денешниот натпревар Кожуф незаслужено поразен од Тиквеш. Во 4 минута Кожуф поведе со прекрасниот погодок на Ристовски Марјан. После  раното водство Кожуф имаше апсолутна контрола над утакмицата, но не успеа да го валоризира тоа, имаше и две стопостотни шанси за зголемување на предноста и кога нема да се искористат …

Повеќе...

Почетокот на пролетниот дел во ВМФЛ закажан за вторник

Стартот на пролетниот дел од првенството во втората македонска лига Исток, натпреварувачката комисија при ФФМ поради временските прилики наместо во сабота го презакажа за вторник на 06.03.2018 со почеток во 14.00 часот.Екипата на ФК Кожуф како домаќин на Градскиот стадион ја пречекува екипата на ФК Каменица Саса од Македонска каменица. …

Повеќе...

Ќе се формираат совети за млади, култура и спорт

Советот на општина Гевгелија на својата петта седница донесе одлука за формирање на Совет за млади, Совет за култура и Совет за спорт како помошни тела, кои треба да помогнат во актуелизирањето, насочувањето и решавањето на актуелните прашања од овие значајни дејности. Целта е, како што беше истакнато во расправата, …

Повеќе...

Хуманитарен натпревар КК БЛОКОТЕХНА – КК КОЖУФ

Средношколска унија при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија организира меч меѓу градските ривали КК БЛОКОТЕХНА и КК КОЖУФ. Средствата кои ќе бидат собрани за време на настанот ќе бидат донирани на нашите сограѓани на кои им е потребна помош. Ги повикуваме граѓаните на Општина Гевгелија масовно да присуствуваат на натпреварот! …

Повеќе...

Прво место за ракометарките-ветеранки од Гевгелија

Екипата на ЖРК Ветерани „Југ“ од Гевгелија го освои првото место на турнирот по повод десетгодишнината од трагичната смрт на Тоше Проевски што се одржа во Дојран. На турнирот за ветерани и ветеранки учествуваа екипите на „Фрајле Интернационале“ од Србија, „Славонка“ од Хрватска, РК „Струмица“ од Струмица ,  „Млаз“ од …

Повеќе...